27-годишна кратовчанка пронајдена мртва откако паднала од зграда на ул. „Миле Поп Јорданов“

од Vladimir Zorba
875 прегледи

Вчера во 16:12 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“, женско лице паднало од висина од станбена зграда.

Илезено е на лице место и констатирано дека се работи за 27-годишната М.Ф. од Кратово, со престој во Скопје.

Таа била пронајдена почината, што е констатирано од страна на Итната медицинска помош.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини