Седумте најздрави кујни во светот

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Ако некогаш сте се запрашале како Французите ги одржуваат своите витки фигури, тоа е затоа што ја имаат една од најздравите кујни во светот. Група нутриционисти ги избрале најдобрите прехрамбени режими во светот. Еве ги и нив:86a4888f032996f5a6c2f004f319a612

1. Јапонија

Рибата обезбедува важни омега-3 масни киселини, кои се познати со намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања и удари. Крстоцветниот зеленчук и ферментираната соја го намалуваат ризикот од рак на дојка. Јапонците јадат премногу  алги кои содржат важни минерали како селен и јод, корисни за здравата функција на тироидната жлезда. Суши, најпопуларното јадење во Јапонија, обезбедува енергија, но исто така е со ниска содржина на масти и висока содржина на омега масни киселини, кои го одржуваат нивото на крвниот во здрава норма. Необработениот зеленчук во јапонската кујна задржува повисоки нивоа на витамини и минерали.

2. Медитеранот

Риба, морски плодови, маслиново масло, зеленчук, овошје и житарици – сите овие видови здрава храна се полни со витамини и минерали. Тие се поврзани со намален ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес. Иако медитеранските јадења обично содржат малку сирење и месо, сепак тие се во умерени количини. Медитеранската исхрана е исто така богата со омега-3 масни киселини и антиоксиданси.

3. Франција

Французите се слаби и здрави, иако нивната исхрана е со висока содржина на масти и јаглехидрати. Причината е дека тие јадат мали количини поткаснувајќи ги одделно сирењата од лебот и пијат црвено вино со вечерата.

4. Индија

Индиската кујна вклучува зачини кои не само што даваат вкус и боја на јадењата, но се и многу корисни за здравјето. Куркумата има анти-инфламаторен ефект. Ѓумбирот ја ублажува непријатноста во стомакот и ги смирува цревата. Тие пијат и ласи- јогурт со нане. Тоа е здрав пијалок богат со добри бактерии.ddd

5. Исланд

Кога станува збор за храна, Исланѓаните се поедноставени во работите – свежа морска храна, посно јагнешко и речиси никакво користење на пестициди. Млечните производи често се со многу висок квалитет.

6. Етиопија

Кујната на Етиопјаните е со ниска содржина на масти и висока содржина на хранливи материи. Тие јадат претежно житни култури, кои се со висока содржина на влакна, железо, протеини и калциум. Нивната кујна се состои претежно од кафеав ориз и леќа.

7. Кина

Употребата на стапчиња за јадење наместо прибор, помага за забавување на исхраната, што во крајна линија ја намалува количината на изедената храна. Кинезите не само што јадат мали количини, но и пијат зелен чај, кој ги отстранува токсините, го помага варењето и потиснува гладот.