
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-3 Битола, -2 Кр. Паланка, Куманово, -1 Тетово, Берово, Маврово, 0 Скопје Петровец, Д. Капија, Прилеп, 1 Лазарополе, Пожаране, Крушево, Штип, 2 Ѓуриште, Скопје, Претор, 3 Тополчани, Виница, Охрид, 4 Дебар, 5 Струмица, 8 Гевгелија, 9 Дојран.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Вдолж Повардарието, но и во Пелагонија и во Дебарскиот крај утрово има магла, или само намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста која сега ја има на југоисток Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне со магла, а понекаде само со намалена видливост. Од пладневните часови че биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата до 10° С.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините. За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат. Во недела утринската температура ќе биде позитивна насекаде.