3 хороскопски знаци кои имаат најголем потенцијал да станат милијардери

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Секој хороскопски знак има некои карактеристики на личноста што го издвојуваат од другите. Без разлика дали сте чувствителен Рак, дипломатска Вага или страсна Шкорпија, ѕвездите можат да предвидат некои други ваши карактеристики, но и вашите потенцијали – од тоа колку сте шармантни, до прогнозата дали животот ќе го поминете во материјална благосостојба.

Во една студија, направена е листа за тоа колку моментални милијардери припаѓаат на одреден хороскопски знак.

Ви ги претставуваме првите три места од таа листа.

3. Рак

Бројот на ракови на списокот значително се зголеми во последните години – во моментов има 20 милијардери кои припаѓаат на овој воден знак. Меѓу најголемите имиња се наследникот на „Heineken“, Шарлин де Карваљо-Хајнекен, основачот на „Tesla“, Елон Маск и претприемачот Сер Ричард Бренсон.

2. Риби

Иако изгледаат незаинтересирани за материјалната сфера, Рибите знаат да „заработат пари“. На второто место на листата на најбогати во светот се дури 22 лица родени во знакот на Риби, меѓу кои и извршниот директор на Луј Витон, Бернар Арно и основачот на „News Corp.“, Руперт Мардок.

1. Вага

Овој воздушен знак е на врвот на листата со 27 милијардери. Некои од најпознатите имиња се дизајнерот и бизнисмен Ралф Лорен, претседател на „H&M“ Стефан Персон, како и наследничката на ланецот продавници Walmart – Алис Волтон.

Слични содржини