Иако некои ја сакаат слободата и не се баш за врски и брак, овие хороскопски знаци најдобро функционираат кога се зафатени.
За нив, за заљубувањето е синоним за сигурност, што им дава ветер во грбот и за многу други животни потфати.
Луѓето родени во овие три знаци се најопуштени и најсреќни кога се во врска, пишува Elite Daily.
Близнаци
Иако важат за големи авантуристи, луѓето родени во знакот Близнаци сакаат да бидат во врска, особено со луѓе кои се слични на нив. Трошењето време со личност со која споделуваат интереси ги мотивира и ги прави среќни … Покрај тоа, Близнаците се познати по својот нарцизам, па затоа сакаат комплименти.
Вага
Вагите обожаваат да бидат за заљубени. Тоа е нивната, така да се каже, природна состојба во која тие се чувствуваат најсилно и најсреќно. Сепак, она што Вагите го мразат се конфликти. Целта им е да најдат личност која е мирна како нив и со која ќе решат се на мирен начин. Кога ќе ја пронајдат, нема проблем што е преголем за нив или работа која е премногу тешка – Вагите едноставно ги движи љубовта.
Риба
Рибите се луѓе кои многу лесно се прилагодуваат на се. Меѓутоа, кога станува збор за вистинската љубов и партнерот кој им е навистина пожелен, Рибите се прилично пребирливи и не сакаат да се прилагодат на никого. Но, кога тоа ќе се случи, тие се најсреќни. Знаат дека нашле личност која ќе ги надополни и со која ќе поминуваат време, што ги смирува и инспирира.