3 хороскопски знаци за кои НЕ САКАТЕ ДА СЕ ОМАЖИТЕ!

од Vladimir Zorba

Според Зодијакот, водените знаци се сметаат за пасивни брачни партнери, огнените љубоморни и посесивни а воздушните – либерални.

Земјаните се многу критични и нивната отвореност се наведува како добра карактеристика.

Ако треба да се верува на хороскопот, овие три знаци на хороскоп се најлош избор за сопрузи и нивните партнерки честопати се многу незадоволни.

Дали вие имате искуство?

Риби

Рибите се сонувачи и она што е нивниот главен недостаток е тоа што тие никогаш не се задоволни со она што го имаат. Секогаш мислат дека можат подобро, дека има нешто поубаво што ги чека, често ја доведуваат во прашање сегашноста, барајќи маани, сонувајќи за некоја имагинарна иднина или алтернативна сегашност каде што конечно ќе бидат среќни … А не би биле и тогаш! Затоа често е тешко да се разберат и задоволат мажите во знакот на Риби, тие често се препуштаат на своите соништа, па затоа не им се непознати измамите. Она што најмногу го бараат од жената е да се разликува од нив, да им понуди нешто ново и различно од она што го знаат, нов поглед на светот и животот … Ако ги исполнувате соништата за неговата имагинација, вашиот брак има надеж.

Бик

Биковите се одлични кариеристи и можат да ја стават работата пред бракот и децата. Тие се одговорни и можат да останат во канцеларија доцна во ноќта поради работа, наместо да поминат пријатна вечер со својата сопруга. Во исто време, тие се вистински хедонисти, познати се по галантноста, на тој начин го освојуваат својот партнер. Можат да ја опсипат со скапи подароци и најубави комплименти, но нема да и го дадат она што е највредно – време за неговата сопруга, односно најважната жена во неговиот живот.

Девица

Иако вешто го кријат, припадниците на овој знак се многу љубоморни и несигурни. Девиците почнуваат да ги покажуваат своите слабости со текот на времето, односно во моментите кога мислат дека добро се „осигурале“. Сакаат да контролираат и манипулираат, поради што не претставуваат идеални брачни партнери.

Слични содржини