3 лица ја загубија битката со Ковид-19

од Nikola Popovski

Според последниот дневен извештај на Министерството за здравство, од коронавирус во последните 24 часа, пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г).

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.

Слични содржини