-3 Маврово, -2 Крушево, Лазарополе, -1 Претор, Дебар, 1 Охрид, 2 Прилеп..

од Vladimir Zorba
485 прегледи

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

6 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-3 Маврово, -2 Крушево, Лазарополе, -1 Претор, 0 Ѓуриште, Дебар, 1 Охрид, 2 Прилеп, Пожаране, Кр. Паланка, Берово, 3 Битола, Виница, 4 Куманово, Тетово, Штип, 5 Скопје, Струмица, 6 Дојран, Д. Капија, 7 Гевгелија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Претежно облачно, на повисоките места и долж Повардарието со слаб до умерен северен ветер. Во текот на ноќта поведро беше во југозападните делови.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта, најпрво во западните, а потоа и во источните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, со слаб, локално и умерен интензитет. Од вечерните часови снег може да има и во местата над 800м.н.в. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во интервал од 6 до 14 степени.

 

Скопје

Претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен слаб дожд, на околните планини слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максимална температура до 8 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни, а дневните нема значително да се менуваат.