3 причини зошто треба да јадете круши: Похранливи се од јаболката и полни со минерали

од Vladimir Zorba

Веројатно милион пати сте го слушнале советот дека пред или после оброк треба да јадете јаболко поради поголемото чувство на ситост. Но, дали знаевте дека хранливата вредност на крушите е поголема од онаа на јаболката?

Вкусните и миризливи круши се сметаат за едно од најздравите овошја во светот. Растеат на многу меридијани, а во Македонија се застапени од јуни до доцна есен.

Плодовите од круши се полни со минерали калиум, бакар, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бројни микроелементи. Богати се со витамините К, А и Ц, како и со повеќето витамини од групите Б и Д.

Сепак, покрај витамините и минералите кои можеме да ги внесеме во организмот, крушите имаат и многу други придобивки.

1. Забрзување на метаболизмот

Крушите содржат голем број на влакна кои го нормализираат и забрзуваат варењето а воедно ја забрзуваат работата на цревата. Крушите не содржат многу калории, но ќе ве заситат, па затоа се одлична храна за сите оние кои сакаат да ослабат.

2. Го чистат телото

Ова овошје позитивно влијае на црниот дроб, бубрезите и желудникот и им овозможува на овие органи да се опорават и прочистат, а шеќерите од него не бараат лачење на инсулин за варење, па затоа крушите се препорачуваат за дијабетичари.

3. Го зајакнуваат имунитетот

Крушата е богата со антиоксиданси кои го намалуваат нивото на слободните радикали во организмот. Содржи витамини и минерали кои ќе му помогнат на телото да се одбрани од вируси и настинки.

Во блендер ставете две круши со другото омилено овошје и зајакнете го телото.

Слични содржини