Зеленчуковите сокови, измешани со овошје, се еднa од најкорисните работи кои можете да му ги “учините” на организмот. Тие даваат влакна, витамини, минерали, фитохемикалии, есенцијални амино киселини и стимулирачки за процесите во телото материи.
Покрај тоа, зеленчуковите и овошни сокови придонесуваат за прикажувањето на токсините од телото, помагаат во слабеењето и го хидрираат правилно организмот. Во комбинација тие прават вистински чуда.
Ќе ви понудиме 3 многу корисни рецепти за зеленчукови сокови, кои даваат добри резултати како во детоксикацијата, така и во слабеењето, бидејќи се погодни за средни закуски.

Сок од зелка, јаболка и краставица:
2 листови од зелка
2 и ½ зелени јаболка
½ краставица
2 страка целер
½ лимон
½ жолт лимон
Кора од лимон.
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. За да се разреди сокот, да биде погоден за пиење, додадете и малку вода.
Сок од зелка, цвекло и магдонос:
1 чаша листови зелка
2 листови кадрава зелка
½ чаша магдонос
½ чаша црвено цвекло
½ чаша ананас
2 зелени јаболка
1 страк нане
½ лимон
Кора од лимони . Измешајте ги сите состојки во блендер. Ако е потребно додадете вода, за да е поразреден сокот.
Сок од темнозелен лиснат зеленчук:
2 листови кадрава зелка
2 листови зелка
1 чаша спанаќ
½ краставица
20 г корен од ѓумбир
½ лимон
Излупете го лимонот и коренот од ѓумбир. Сите состојки измешајте ги во блендер и по потреба додадете вода за полесно голтање на сокот.
Трите вида сок можат да се подготвуваат и во соковник, под услов да имате соодветен. Наизменично пијте од трите сока во различни денови од неделата како замена барем од еден оброк со нив. Резултатите ќе се видливи после втората недела. Килограмите ќе почнат да се топат, а токсините ќе го напуштат телото.