30 дена притвор за три лица, меѓу кои и Исмет Гури од ДУИ

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје одреди 30 дена притвор за поранешниот заменик директор во Дирекцијата на Управата за јавни приходи и функционер на ДУИ, Исмет Гури, и уште две други лица од истрагата што се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари. Притвор по пронаоѓање е определен и за уште едно лице.

Притворот е определен по барање на Јавното обвинителство дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата.

Според Јавното обвинителство, со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.

Слични содржини