Над 30 илјади Курди протестираа во Германија, во Франкфурт на Мајна, против зголемувањето на овластувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесе ББС.

Протестот симболично се одржува во деновите пред 21 март – денот во кој Курдите  ја пречекуваат Новата година во сончевиот календар.

Портпаролот на Ердоган – Ибрахим Калин, ги дефинира како недопустлива демонстрација на симболика на Курдистанската работничка партија, која се смета за терористичка организација.

“Уште еднаш  да ги потсетам европските земји – на 16 април одлуката ќе ја донесе турската нација, а не Европа”, вели Калин.

Спомнуваме, тогаш ќе се одржи референдумот за уставни промени во земјата, кои значително ги  прошируваат овластувањата на претседателот и фактички ја претвораат Турција во претседателска република.

Германскиот амбасадор во Турција бил повикан во турското МНР во врска со митинг на поддржувачи на Курдската работничка партија во Германија, изјави денеска Ибрахим Калан, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Калан прецизира дека претставници на турското МНР му укажале на германскиот амбсадор дека силно ги осудуваат германските власти заради одлуката да им дозволат митинг во Франкфурт на поддржувачи на ПКК. Околу девет илјади Курди протестираа вчера во Франкфурт против Ердоган и против референдумот во Турција за зголемување на овластувањата на претседателот.