30 милиони евра се на располагање со првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. На 1 септември 2023 година беше распишан првиот јавен повик за мерките 1 и 7.

30 милиони евра ставаме на располагање со првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Mинимална вредност на прифатливи трошоци по инвестиција кај мерката 1 изнесува 20.000 евра, а максимална финансиска поддршка на еден корисник за еден проект изнесува 750.000. Кај мерката 1 максимална финансиска поддршка на еден корисник за цело времетраење на програмата изнесува 1.500.000 евра.

Мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Минимална вредност на прифатливи трошоци на предложен проект кај мерката 7 изнесуваат од 10.000 евра, максимална финансиска подршка по корисник по поединечен проект изнесува 600.000 евра. Кај мерката 7 максимална финансиска подршка по корисник за цело времетраење на програмата изнесува 1.500.000 евра.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за јавниот повик можат да најдат на следниот линк на веб страната од Платежната Агенција https://ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/9

Слични содржини