32 смртни случаи од Ковид-19 во последното деноноќие

од Nikola Popovski
268 прегледи

Пријавени се 32 починати лица, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје.

По градови, смртните случаи се регистрирани: 10 починати лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г). Од пријавените 32 лица, 29 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.

Слични содржини