33 санкции за брзо возење во Тетово

од Берта Китинска
150 прегледи

Вчера во периодот од 19 до 22 часот полициски службеници од ПС за БПС Тетово со употреба на т.н. ноќен радар спроведоа акциска контрола во периодот од 19 до 22 часот за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената.

-Санкционирани се 33 возачи, од кои 14 возеле со повеќе од 50 километри на час над дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштија од МВР.