202
Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата.
Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани, а нема починати лица.
До вчера активни беа 1 889 случаи на коронавирусот. Најмногу активни случаи имаше во Скопје – 1045, додека во Крушево, Демир Капија, Македонска Каменица и Пехчево немаше регистрирани случаи на коронавирусот.