3400 двојки се венчаа истовремено во Мексико

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Околу 3.500 парови стапија во брак во саботата на масовна церемонија на плоштадот во центарот на мексиканската престолнина. “Сакам да им честитам на сите парови што влегуваат во брак, кои се покажаа 3400. Ги поздравувам и им посакувам се најдобро”, изјави градоначалникот на Мексико Сити, Мигуел Анхел Мансера кој беше почесен сведок на церемонијата.

Во брачен сојуз стапија не само жители на 31-та држава на латиноамериканската земја, но и граѓаните на други земји, меѓу кои Аргентина, Боливија, Венецуела, Хондурас, Гватемала, Шпанија, Колумбија, Либија, Ел Салвадор и Чиле.

Минатата година во Мексико Сити се одржи ваква церемонија, но во неа учествуваа малку над 2000 парови.