35-годишен скопјанец донесен починат во „8. Септември“

од Nikola Popovski
3,7K прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека 35-годишен скопјанец бил донесен починат во болницата „8-ми Септември“.

На 21.06.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во Градската општа болница без знаци на живот бил донесен Е.Д.(35) од Скопје.

Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Слични содржини