
Економијата на Велика Британија ќе загуби 252 милијарди фунти (348 милијарди долари) во рамките на 15 години, ако ја напушти ЕУ без трговски договор со Брисел. Ова го објави британскиот весник Independent во саботата.
Весникот се повикува на податоци од истражувањето спроведено од платформата за борба против Брекзит – The Best for Britain Group (Најдоброто за Велика Британија). Проценките се базираат на протекување на информации од владата. Според сценариото, ако Лондон сепак успее да постигне договор со Брисел за слободната трговија, падот во БДП на Велика Британија за 15 години ќе биде 131 милијарди Фунти (181 милијарди долари).
Ако Владата ја промени својата позиција и го задржи членството на Велика Британија во царинската унија и единствениот европски пазар, загубите ќе изнесуваат 52 милијарди фунти (72 милијарди долари).
Претседателот на групата “Најдоброто за Велика Британија” Марк Мал-Браун истакна дека Брекзитот ќе направи вистински удри во областите на здравството, образованието и социјалните услуги на кралството.
“Сето ова покажува дека најдобрата опција за населението на целата земја е да остане и да го поддржува договорот што го имаме”, рече Марк Мал-Браун. Официјалните разговори меѓу Лондон и Брисел во врска со условите на кои Велика Британија ќе се повлече од ЕУ, започнаа на 19 јуни 2017 година во белгиската престолнина.
Година порано, за време на референдумот за ова прашање во Велика Британија, позитовно се изјаснија 51,9% од Британците кои се противници на европската интеграција.
Самиот Брекзит ќе се одржи на 29 март 2019 година, по што ќе има преоден период кој ќе трае се до 31 декември 2020 година