37 жртвите од терористичкиот напад во Анкара

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Уште три лица починаа како последица на повредите здобиени при синоќешниот напад во Анкара.

турц

Уште три лица починаа како последица на повредите здобиени при синоќешниот напад во Анкара, посочи турскиот министер за здравство Мехмет Мјуезиноглу. Така вкупниот број на загинати достигна 37 лица. Во моментот 71 лица кои добиле различни повреди, се сместени во медицински установи – 15 од нив се во реанимација, а уште 14 со во оддели за итна помош, соопшти ТАСС.

Претходно беше соопштено за 34 загинати во нападот, а министерот за внатрешни работи Ефкан Ала ја потврди распространета порано верзија дека не жива бомба, туку автомобил натоварен со експлозив експлодирал на најфреквентните место во Анкара, како тоа е констатирано од собраните докази.

Бомбашот-самоубиец од Анкара е жена и тоа новинарка

Во меѓувреме, Министерството за телекомуникации и комуникации  го ограничи пристапот до “Фејсбук” и “Твитер” поради активното споделување на слики, видеа и коментари по повод крвававиот терористички напад

Уапсија четворица за нападот во Анкара

Светски лидери и организации го осудија крвавиот напад и изразија сочувство кон семејствата на загинатите и турскиот народ.