Група од 39 сенатори ја повика администрацијата на Доналд Трамп да ги искористи сите средства со кои располага, за да се спречи изградбата на гасоводот “Северен поток 2”.
Во врска со ова, тие испратија писмо до министерот за финансии Стивен Мунчин и заменик државниот секретар Џон Саливан, објавија новинските агенции.
Меѓу потписниците, 28 сенатори ја претставуваат Републиканската партија и 11 демократи. Тие нагласуваат дека проектот ќе ги направи американските европски партнери поподложни на катастрофалното влијание и “принудната политика на Москва”, и дека овој проект ќе биде чекор назад во однос на диверзификација на снабдувањето со енергија во Европа.
Покрај тоа, авторите на писмото изразуваат загриженост дека спроведувањето на Nord Stream 2 ќе и наштети на Украина.
Литванија, Латвија и Полска, исто така, се спротивставија на Северниот тек 2 со заедничка изјава на нивните парламенти.