-4 Берово, -3 Кр. Паланка, -2 Скопје -1 Тетово, Битола, 0 Штип, Прилеп, Куманово…

од Vladimir Zorba
206 прегледи

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Берово, -3 Кр. Паланка, -2 Скопје Петровец, -1 Тетово, Битола, 0 Штип, Прилеп, Куманово, Скопје, Претор, 1 Ѓуриште, Тополчани, Охрид, Струмица, Дебар, 2 Маврово, Виница, Крушево, 4 Гевгелија, Д. Капија, 5 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава преовладуваше ведро и посвежо време, на повеќето места утринската температура се спушти под нулата. Само во гевгелискиот регион имаше зголемена облачност. Претежно тивко само на повисоките места и на планините дуваше слаб јужен ветер.

 

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди.  Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен и југозападен правец, во западните делови повремено ќе се засилува. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 14 до 20 степени.

 

Скопје. Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен југозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне  до 18 степени.

  

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време, односно сончево со мала до умерена локална облачност.

Од почетокот на наредната недела нашето подрачје ќе биде претежно под јужно воздушно струење,  кое  ќе овозможи покачување на температурата на воздухот, односно ќе има затоплување.