Поради нашиот брз начин на живот, многу луѓе забораваат да уживаат во секојдневните моменти како што се оброците. Луѓето обично јадат набрзина, без да размислуваат за потребата да се забави бидејќи тоа ќе им донесе бројни придобивки, вклучително и губење на тежината.
Ако јадете побрзо, можеби ќе сакате да размислите за оваа едноставна промена што може да ви го промени животот:
Слабеење
Истражувањата потврдуваат дека ако јадете побавно, ќе внесете помалку калории. Причината е што на нашиот мозок му требаат околу 20 минути за да регистрира дека сме сити. Ако јадеме брзо, можеме да продолжиме да јадеме и покрај точката во која сме сити. Ако јадеме полека, имаме време да сфатиме дека сме сити и да застанеме на време. Секако, дефинитивно се препорачува да продолжите да јадете поздрава храна, а доколку сакате да ослабете, побавното јадење треба да биде дел од вашиот нов начин на живот.
Уживање во храната
Тешко е да уживате во храната ако јадете премногу брзо. Ако сакате да јадете нездрава храна како слатки, пржена храна или колачи, нема да има смисла да ги јадете брзо. Меѓутоа, ако ги јадете полека, повеќе ќе уживате во нив и можеби ќе јадете помала количина од она што сте планирале.
Подобро варење
Ако јадете побавно, подобро ќе ја џвакате храната, што доведува до подобро варење. Варењето всушност започнува во устата, па колку повеќе џвакате, толку помалку храната ќе се обработува во желудникот. Ова може да помогне да се намалат дигестивните проблеми.
Помалку стрес
Јадењето бавно и обрнувањето внимание на она што го јадеме може да биде одлична форма на вежбање на внимателност. Доживејте го моментот, наместо да „трчате“ низ оброкот размислувајќи што треба да правите следно. Кога јадете, треба да јадете. Фокусирањето на исхраната ќе доведе до помалку стресен живот и долгорочна среќа.