Вкупно 42 судии и 10 јавни обвинители над 62 или 64 од денеска се во пензија.
Собранието вчера не ги изгласа измените на Законот за работни односи со кои работниот век на судиите и јавните обвинители ќе им беше продолжен за 3 години, а токму вчера беше последниот рок за гласањето, кое не стигна до пленарната седница поради интерпелацијата за собранискиот спикер, Талат Џафери.
– Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 407-та седница одржана на ден 01.07.2022 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното: Донесени се заклучоци во врска со Законот за работни односи Донесени се решенија со кои се ставаат вон сила донесените решенија со кои е продолжен мандатот на судиите и решенија со кои се констатира престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија, а согласно измените на Законот за работни односи („Службен весник на РСМ“ бр.151/21) и тоа за следните судии, стои во соопштението од Судскиот Совет во кое со име и презиме се наведени 42 судии на кои им престанува функцијата.