43 граѓани на Авганистан си заминаа од Македонија

од Nikola Popovski
290 прегледи

Од Владата попладнево информираа дека нова група од 43 авганистански граѓани замина од Северна Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште.

-Нашите институции, во текот на привремениот престој овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации. Овие цивили беа спасени во големата меѓународна операција за помош на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти и нивни семејства, а се под закана на новиот талибански режим во Авганистан, велат од Владата.

Според нив, во моментов во земјава престојуваат 505 авганистански граѓани. Од Северна Македонија до сега заминаа 128-мина на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.

Слични содржини