Потребно е политичко лидерство на Македонија да биде посветено на отворен дијалог, на имплементација на договорот од Пржино, и на создавањето услови за кредибилни избори, на развој на владеење на правото, на поддршка на работата на Специјалното обвинителство и на имплементирањето на итните реформски приоритети.могреини

Ова е ставот на Советот за надворешни работи на Европската унија за ситуацијата во Македонија, што го пренесе Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Федерика Могерини.

– За БЈРМ е многу јасна пораката на земјите членки. Потребно е политичкото лидерство на земјата да се заложи за отворен дијалог, за имлементација на Договорот од Пржино од 2015 година, да се работи на создавање на услови за веродостојни избори, да се работи на владеење на правото, да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство и да се имплементираат итните реформски приоритети – рече Могерини.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ вчера попладне дискутираа на Советот за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Луксембург, пропаднал обидот на Германија и на Велика Британија, кои бараа ЕУ да заземе поцврст став во однос на политичката криза.

Поради одбивањето на Хрватска, на Словенија, на Грција, на Полска, на Чешка и на Унгарија, воопшто да се дискутира за можноста од поставување некаков вид услови или одредување санкции кон поединци во Македонија, шефовите на ЕУ-дипломатиите само го повториле досега многупати искажаниот став на Унијата за решавање на политичката криза во Македонија

Слични содржини