Во текот на изминатото деноноќие (12/13.05.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци, информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.