230
Нови 557 заразени и 28 починати лица од коронавирусот во последното деноноќие, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците на Институтот за јавно здравје.
-Пријавени се 28 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81, 78, 78, 77, 76, 75, 74, 72, 72, 65 и 58), по 3 починати лица од Струмица (85, 78 и 74) и Тетово (77, 69 и 69), по 2 починати лица од Гостивар (78 и 63) и Куманово (68 и 45), по едно починато лице од Битола (74), Кичево (78), Валандово (83), Кавадарци (74), Гевгелија (87), Охрид (59) и Струга (62). Од пријавените 28 лица, 26 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови“, наведено е во соопштението.