На границата меѓу Словенија и Австрија доцна синоќа дојде до сериозно напон. Над 4.500 мигранти се натрупале одеднаш крај граничниот премин Шпилфелд. Тие пристигнаа без претходна информации и ја урнале оградата на границата и преминале на австриска територија, соопшти локалниот сајт кроне.ат.
Мигрантите почнале да скандираат дека се гладни и да се бунтуваат, но австриската полиција успеа да ја совлада ситуацијата и започна со нивната регистрација. Словенечкиот премиер Миро Церар, објави дека земјата добила ветување од ЕУ дека Брисел ќе ги заштити шенгенските граници на земјата. Властите во Љубљана очекуваат да добијат полициска опрема и друга опрема, вклучувајќи и финансиска помош.
Церар зборуваше во парламентот во Љубљана за време на дебатите за зголемување на овластувањата на армијата при обезбедуваниот на границите. Армијата ќе добие речиси исти овластувања како оние на полицијата при обезбедуваниот на границата. Денес се очекува словенечкиот министер за внатрешни работи, Весна Гјеркеш Жнидар да упати и официјално барање за помош до ЕУ.
Од вчера на полноќ до 21.00 часот синоќа во Хрватска пристигнаа од Србија уште 6373 мигранти. Од почетокот на миграција криза на 16-ти септември во Хрватска пристигнале 207 941 лица. Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ја обвини Унгарија дека само се преправа дека го брани христијанството а на нивна територија мигрантите минуваат само транзит. “Кога гледам дека и Словенците почнуваат да градат ѕид по моделот на Унгарците можам да кажам само едно – ние ќе се издигнеме ѕид два побрзо од нив”, рече Милановиќ . Според хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остојич исправање на ѕидови е бесмислено, бидејќи “ниту една ограда и ниту една војска не го запреа приливот на мигранти”.