
По шест години, Рене Зелвегер се врати на големиот екран. Актерката го направи тоа гласно – со премиерата на филмот “Бриџит Џонс 3”, каде хероината ќе ја познае радоста на мајчинството, пишува Elle. Самата Рене сепак е убедена дека не е задолжително да има дете, за да се чувствува среќна.В едно од последните интервјуа таа вели дека само плива низводно и не планира ништо: “Никогаш не сум размислувала конкретно да имам деца или да направам нешто што според мислењето на другите носи среќа. Сепак сум отворена кон сè ново и сум љубопитна да видам што ќе се случи понатаму. ”

Рене ја повикува јавноста да престане да гледа жените кои немаат деца, како на непотполни: “Жените имаат право на избор. Нивната сопствена волја е нивниот приоритет. Сопруг и дете – тоа одамна не се смета за показател за успех во животот. Некои социјални норми и очекувања веќе не се реални. ”
Рене Зелвегер веќе 4 години има врска со гитаристот и продуцент Дојл Бремхол. Во февруари, медиумите објавија дека двојката е пред разделба, но информациите се покажа како непотврдена шпекулација.