
Англиски интернет портал направи анкета меѓу брачни парови, за да разбере колку често имаат секс. Во анкетата учествувале 634 мажи и жени на возраст од 51 до 85 години.
Се покажало дека една четвртина од паровите над 50 години воопшто немаат секс.

Но овој факт воопшто не влијаев врз среќата и воопшто не ги менувал односите меѓу нив. За луѓето над 50-те главни извори на среќа се довербата, пријателските односи и чувството за хумор кај партнерот. Присуството или отсуството на секс не влијаат на нивото на задоволство во семејството. Сепак половина од нив признале дека жалат за недостатокот на секс.

Само 2% од испитаниците рекле дека имаат секс секој ден. Повеќето признале дека се занимаваат со милувања еднаш неделно.