Наоѓањето сродна душа, стапување во брак и живеење со таа личност е нешто за кое секој сонува, нешто што му дава на животот целосна смисла. Или не баш?
Некои не ја сметаат идејата за брак толку привлечна и тоа е сосема во ред затоа што сите ние сме различни.
И меѓу знаците на хороскопот, има и такви кои одлучуваат да се венчаат поретко, а следните пет веројатно нема да го направат тоа.
Овен
Луѓето родени во знакот Овен имаат чести промени во расположението и тврдоглави се за разни работи. Сакаат да имаат слобода да прават што сакаат и како сакаат. Не им се допаѓа идејата да мора да одговараат на некого или да ги оправдуваат своите постапки.
Близнаци
Близнаците не се сосема сигурни во идејата за брак, ниту што треба да претставува. Тие се загрижени дека влегувањето во брак ќе им донесе монотонија и досада и дека ќе се чувствуваат ограничено. Затоа идејата за брак не е привлечна за нив.
Девица
Девиците се премногу преокупирани со еланот што ги теранапред и постигнување на сопствените цели. Тие секогаш се занимаваат со грижа за малите детали и се уверуваат дека ќе одлучат да се венчаат кога се ќе биде во ред. Но, за перфекционистичките девици, никогаш се не е целосно средено, па припадниците на овој знак честопати остануваат слободни.
Стрелец
Стрелците се независни и самодоволни луѓе кои го сакаат сопственото друштво и кои имаат свој сет на необичности и ексцентричности. Ретко тие чувствуваат вистинска желба да споделат живот со некого и да се венчаат.
Водолија
Водолиите се плашат да се отворат за другите луѓе и да бидат ранливи затоа што не сакаат некој да ги повреди нивните чувства. Покрај тоа, тие имаат чувство дека никој не може да ги разбере и да им ја обезбеди непоколебливата и безусловна поддршка што им е потребна.