5 храни за подобар сон

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Медитација, добра книга и дури броење на овци. Ова се едни од најпопуларните средства до кои прибегнуваме, кога имаме проблем со спиењето.ba1baf67db7f81fa371217d81eafc9ee

Веќе знаеме дека треба да спиеме меѓу 6 и 8 часа на ден, како и дека смартфоновите ни пречат на сонот. Но, освен техниките за медитација, има и други начини со кои ќе го потпомогнете полесно заспивањето и квалитетниот сон. Станува збор за храната. Диетолози советуваат што да јадеме за да спиеме подобро:

1. Спори јаглехидрати

Бавните јаглехидрати како овесните снегулки и кафеав ориз помагаат за зачувување на нивото на шеќерот во крвта во нормални вредности. Помагаат на мозокот и телото, кои дури и ако спијат, пак имаат потреба од гликоза.

Ако нашето тело нема доволно гликоза, тоа може да произведе адреналин и кортизол, кои ќе не натераат да се разбудиме.

2. Семки од тиква

Семките од тиква се богати со магнезиум, кој е клучен за добриот сон. Една од улогите на магнезиумот е да ги опушта мускулите и телото да отпочива.

3. Кокосово млеко

Тоа е одличен извор на електролитски минерали – калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум. Балансираните нивоа на овие минерали се неопходни за нормално функционирање на мускулите и нервите.

4. Билен чај

За многу луѓе чашата чај е незаменлива пред спиење. Не станува збор сепак за богатите со кофеин. Пробајте чај со камилица, маракуја, валеријана.

5. Храна богата со цинк

Такви се морските плодови, цели зрна и ореви. Цинкот е неопходен за претворање на триптофинот во серотонин и мелатонин.