Откако ќе помине студениот и сув воздух во студеното полугодие што ја суши косата, е ред на топлите месеци од годината, кои ги носат своите ризици за здравјето и убавината на фризурата.

Нечистотијата и прашината, во комбинација со топлината и потењето, не само што ја валкаат косата, но исто така таа огрубува и слабее. За да ја заштитиме, од корист би биле овие неколку совети.

1. Да сплетеме плетенка

Тоа е меѓу најдобрите начини да ја контролираме косата и да ја заштитиме од топлината и влагата. Кога е сплетена во плетенка, помал дел од косата е изложен на сончевите зраци, што ја штити од оштетување.

2. Капа – додаток кој ќе го дополни изгледот и ќе ја заштити косата

Тоа е меѓу стилските начини да ја заштитиме косата во сончевите денови. Кога ја покриваме на тој начин, не само што ќе ја заштитиме од штетните ултравиолетови зраци, но и штитиме од загуба на влага.

3. Не треба да ја миеме косата премногу

Оваа навика доведува до формирање на поголеми количини масти во скалпот, што е и причина да ја миеме почесто. Препорачливо е едноставно да исплакнем косата со вода, за да го отстраниме вишокот на масти.

4. Наместо четката, да користиме чешел со широки запци

Четките имаат тенденција да ја кинат и цветаат косата. Затоа е подобро да се избере чешел со широки запци. Тие ја штедат косата при расчешлување. Покрај тоа, треба да избегнуваме да ча чешламе косата кога е влажна.

5. Пред да влеземе во базенот – да ја  навлажниме косата

Во топлите денови кога ќе решиме да се изладиме, со пливање во базенот, пред да влеземе, е добро да ја навлажниме ја косата со чиста вода. На овој начин ќе го спречиме апсорбирањето на хлор и други хемиски материи кои се наоѓаат во базенот.

Важно е исто така да одиме под туш, откако ќе завршиме со пливањето, за да го измиеме хлорот од косата и телото.