5 намирници кои не содржат јаглехидрати: Можете да уживате во нив без страв дека ќе се здебелите

од Vladimir Zorba
540 прегледи

Повеќето намирници кои ги користиме во секојдневната исхрана се богати со јаглехидрати, кои во комбинација со мастите се една од главните причини за вишокот килограми.

Овие пет намирници содржат помалку од еден грам јаглехидрати на 100 грама, велат нутриционистите.

1. Месо

Ова е храна која е одличен извор на протеини, а која речиси воопшто не содржи јаглехидрати. Секакво месо можете да јадете во неограничени количини, но доколку сакате да бидете витки, не ги комбинирајте со друга храна.

2. Јајца

Јајцето е вистинско складиште на протеини, а содржи помалку од 1 грам јаглехидрати. Неговите хранливи вредности се високи, а освен што е хранливо и здраво, може да се приготвува на различни начини и секогаш може да биде вкусен оброк.

3. Риба и морски плодови

Овие намирници се ризница на протеини и масти, кои имаат малку јаглехидрати. Масни и вкусни риби како лосос, туна, сардина, скуша, пастрмка се хранливи и вкусни. Јаглехидрати не содржат ракчиња, школки, јастог… Но затоа морската храна е полна со витамини, омега-3 масни киселини, антиоксиданси, минерали и витамини.

4. Масла и масти

Во исхраната можете да користите маслиново масло, путер, кокосово масло, масло од авокадо без страв дека ќе се здебелите… Овие масла и масти се секако најдобри доколку се органски и без адитиви.

5. Зачини

Зачините кои не содржат јаглехидрати се: сол, црн пипер, оригано, босилек, рузмарин и мајчина душица. За разлика од нив, на пример, кари и чили имаат поголема количина на јаглени хидрати.

Слични содржини