Факт е дека современите деца читаат далеку помалку од нивните врсници од претходните генерации. Причината е во напредната технологија која буквално го обзема нивниот живот. Заведен од таблетите и од смартфоните, детето не го познава прекрасниот свет кој е собран меѓу кориците на книгите. А ние, нивните родители, сонуваме да го споделиме со нив. Но, како да го направиме тоа?

Денес ќе споделиме искуствата на родители коишто успеале да им помогнат на своите деца да го засакаат овој свет и да талкаат по бескрајнот печатен океан.
Прво. Неопходно е даго научиме детето да комуницира со книгите од детската возраст. Читањето не треба да е само средство за смирување на детето пред спиење, треба да биде забавно, односно забава. Почнете со разгледување на шарени слики, потоа при читањето одиграјте ги бајките и потоа го учите да чита.
Второ. Никогаш не треба да го форсираме детето. Ако не сака да чита, тоа не значи дека ќе биде нечитач. Секој го живее сопствениот живот, а децата по 5 годишна возраст веќе се способни да направат разлика што им се допаѓа, а што не. Успехот не е во тоа да го научиме да чита кога е уште мало, туку да предизвикаме кај него позитивни емоции од самиот чин на читање. Детето треба да чувствува задоволство.
Трето. Треба да читаме заедно. Притоа не заборавајте дека детето може да формира сопствен вкус! На некои им се допаѓаат стихови, на други – кратки раскази, а на трети долги романи.
Четврто. Ограничете го времето што детето го поминува пред екранот на компјутерот или телевизорот. Не го лишувајте целосно од тоа задоволство, но нека биде во границите на разумното.
Петтата. Читањето за детето треба да е авантура или игра. Купувањето во книжарница може да се претвори во барање богатство, односно книга, која е интересна да се прочита. А процесот на читање треба да вклучува детската активност – цртежи, моделирање, фантазија, односно детето да “преработи” на крајот приказната. Така, освен љубовта кон читањето, ја развиваме и креативноста кај детето и неговата имагинација.