Не се чувствувате добро, но не знаете дали се работи за алергија, грип или КОВИД? Според др. Инчи Јилдрима од Универзитетот Јеил, се чини дека делта-видот влијае на симптомите малку поинаку.
Експертот за вируси д-р. Тим Спектор верува дека овој вид функционира поинаку и дека затоа мора да бидеме многу внимателни дури и ако симптомите се појават во блага форма.
Ако не се чувствувате добро, останете дома и тестирајте се и продолжете да читате за да можете навреме да ги препознаете симптомите на делта-видот.
1. ГЛАВОБОЛКА
Јилдирим објаснува дека тоа е еден од главните симптоми и често имал можност да види пациенти кои страдаат од главоболки токму поради делта-сојот. „Видовме многу проблеми со главоболки кај луѓето со Ковид, а тоа вклучува варијации – од тромбоза до разни кардиоваскуларни заболувања“.
2. БОЛКИ ВО ГРЛО
Според Јилдирим, воспаленото грло е еден од потенцијалните симптоми на инфекција со коронавирус, но не е најчест.
3. ПРОТЕКУВАЊЕ ОД НОС
Иако ова е најчесто симптом на настинка, тоа се јавува и кај луѓе кои се инфицирани со делта-видот, според докторот. „Симптомите на алергија исто така можат да влијаат на оваа промена, но исто така и синусите и белите дробови. Може да се појави кивање, назална конгестија, кашлање, отежнато дишење“, додава др. Арвен Басин од клиниката Мајо.
„Некои од овие симптоми може да се поклопуваат со КОВИД, и видовме многу пациенти кои кашлаат, им тече носот, имаат потешкотии со дишењето или страдаат од тежок замор – сето тоа може да биде симптоми на алергии, но исто така и на КОВИД. Но, во случајот на КОВИД, пациентите често ќе имаат треска, губење на вкус и мирис, болки во мускулите, гадење и дијареа, што не се забележува кај алергиите“, додава тој.
4. ТЕМПЕРАТУРА
Треска или висока температура е еден од главните симптоми на КОВИД, и често се пријавува кога станува збор за делта сојот. Нормалната телесна температура измерена во усната шуплина се движи помеѓу 36,8 ° C ± 0,4 ° C. Најниските вредности кај повеќето луѓе се мерат во 6 часот наутро, а највисоките вредности на мерката се помеѓу 16 и 18 часот попладне. Највисоката нормална телесна температура измерена во усната шуплина во 6 часот наутро е 37,2 °C, а највисоката нормална телесна температура измерена во усната шуплина во 18 часот попладне е 37,7 °C. Вредностите измерени погоре се сметаат за покачена телесна температура.
5. СИМПТОМИТЕ СТАНУВААТ ПОСЕРИОЗНИ
Еден од клучните сигнали дека се работи за делта видот на коронавирусот е токму сериозноста на симптомите. Тие можат да бидат исклучително силни, а овој вид на вирус се смета дека е двојно позаразен од другите варијанти и почесто завршува во болница. Оние кои не се вакцинирани, се разбира, имаат многу поголем ризик од хоспитализација, но и смрт.