5 совети ќе ви помогнат да спиете подобро

од Vladimir Zorba

Ако се борите со вознемиреност, болест или само треба да се чувствувате подобро, добриот сон е исклучително важен. Недоволниот сон може да го загрози вашиот имунолошки систем, да предизвика висок крвен притисок и да потикне зголемување на телесната тежина, пишува Си -Ен -Ен.

Добрата вест е дека можете сами да направите некои промени и да ги поправите навиките за спиење.

Еве неколку совети за да ја постигнете оваа цел:

Оптимизирајте ги условите во вашата спална соба

Спалната соба треба да биде ладна, и идеално помеѓу 15 и 19 Целзиусови степени. Удобен душек е исто така важен. Повеќето квалитетни душеци имаат животен век од околу 9 до 10 години. Ако вашиот душек е постар од тоа, време е да го замените. Исто така, отстранете ги сите екрани од спалната соба. Светлината од вашите лаптопи, мобилни телефони или телевизори го буди вашиот мозок и го нарушува циклусот на спиење.

Воспоставете распоред за спиење

Ако е можно, би било добро да легнете секој ден и да се будите во исто време. Ова правило важи и за неработни денови. Според една студија, промената на распоредот за спиење за 90 минути порано или подоцна може да ги удвои шансите за заболување од кардиоваскуларни болести.

Вежбајте секојдневно

Дури и само 10 минути аеробик секој ден може значително да го подобри квалитетот на вашиот сон. Само избегнувајте тренинг доцна навечер.

Избегнувајте одредена храна и пијалоци пред спиење

Избегнувајте стимуланси како кафе и никотин после ручек. Исто така, избегнувајте алкохол. Неговата наводна помош да заспиете е само мит. Алкохолот го намалува квалитетот на вашиот сон и ве спречува да заспиете во длабок сон. Не јадете презачинета храна во рок од два часа пред спиење, бидејќи може да предизвика проблеми со варење. Ако сте гладни, јадете лесен оброк, како банана и грст ореви, 45 минути пред спиење.

Спијте малку во текот на денот

Попладневниот одмор е здрав, но треба да трае помалку од 45 минути. Веќе 10 до 15 минути сон го намалува заморот и ја поттикнува креативноста, но обидете се да отспиете најдоцна до 3 часот попладне.

Слични содржини