5 трикови за подмладување на рацете за 10 години

од Vladimir Zorba

Рацете често можат да ни ја издадат возраста и дури и да додаваат години кон реалните зошто не сме давале добра поддршка на кожата. За да го одложите стареењето на кожата на рацете може да се следат неколку важни правила и да ги подмладите без особена тешкотија. Погледнете како.
Мијте ги рацете правилно
Повеќето жени ја уништуваат кожата на рацете, бидејќи се мијат со многу топла вода. Не правете ја повеќе оваа грешка! Ако често користите вода со температура над 40 степени, не се чудете зошто рацете ви изгледаат толку збрчкани и остарени. Мијте се со вода околу 25 степени и наскоро ќе ја почувствувате разликата.

Исто така е добро да избегнувате антибактериски сапун, освен ако не е потребно. Избегнувајте и парфимирани сапуни и детергенти за миење садови, бидејќи тие ја сушат многу кожата и провоцираат иритации.

Носете ракавици
Многу ретко домаќинките користат ракавици, додека ги мијат садовите и прозорците, а тоа е од огромно значење за здравјето на кожата на рацете. Така ќе го избегнете стресот, на кој ги подложувате – ладна / топла вода, хемикалии, бактерии.

Хидрирајте ги рацете редовно
Инвестирајте во квалитетен крем за раце и нанесувајте го барем два пати дневно, за да ја навлажнува и хидрира кожата. Не заборавајте да втриете дел од кремот и во ноктите, бидејќи тие исто така имаат потреба од хидратација.

За да го избегнете сувиотвоздух дома, препорачливо е да имате навлажнувач, особено во зимските месеци.

Направете пилинг и маска на рацете

Често ја запоставувате кожата на рацете, со тоа што не ѝ го правите ниту регуларниот пилинг, ниту им  нанесувате маски. А кожата таму има потреба да биде поткрепена не помалку од онаа на лицето и вратот.
За мелемот за пилинг може да користите производи од кујната – мешавина од шеќер и маслиново масло прави голема работа. А за хранлива маска може да ја користите од онаа која си ставате на лицето.

Искористете го кремот за сонцање за раце
Еден од знаците на стареење кожа е хиперпигментација. А таа се зголемува значително во летните месеци. Затоа не излегувајте надвор, без да ставите крем за сончање како на лицето, така и на рацете.

Слични содржини