5 ЗНАЦИ кои ќе ја пронајдат судбинската ЉУБОВ до крајот на 2022 ГОДИНА!

од Vladimir Zorba
677 прегледи

Додека Венера, планетата на љубовта, тргна ретроградно на 19 декември, ова укажува на компликации на емоционално ниво додека се враќаме во минатото. Сепак, 2022 година ќе го промени сето тоа

Ретроградната Венера трае до 29 јануари, па емотивните односи ќе бидат нестабилни, а многумина ќе одлучат да се помират со старата љубов.

Знаците кои ќе успеат да најдат љубов до крајот на 2022 година се Бик, Водолија, Јарец, Вага и Девица.

ДЕВИЦА – Планетите во Јарец ве тераат да барате романтични средби и љубов. Ретроградната Венера може да ви донесе помирување со бившиот партнер, но по 29 јануари таа личност ќе ја гледате сосема поинаку. Во секој случај, љубовта нема да ви недостига, но ќе се навратувате во минатото.

ВАГА – Кога Венера во март ќе биде во Водолија, ќе почувствувате потреба да се заљубите. Романтичните моменти допрва доаѓаат, иако сега се ви изгледа хаотично. Помирувањето со некој од минатото не е решение.

ЈАРЕЦ – Бидејќи сте знак кој постојано е фокусиран на работата, така и Венера во вашиот знак го менува тоа. До март љубовта ќе ви биде на прво место, а многу припадници на вашиот знак ќе се заљубат како никогаш досега. Време е и за проширување на семејството. Сите тие емоции што сте ги потиснале, конечно ќе можете да ги покажете некому.

ВОДОЛИЈА – Иако под влијание на Сатурн изгледате како да сте ладни и резервирани, едноставно не знаете како да се справите со сето она што моментално го чувствувате. Венера влегува во вашиот знак во март 2022 година, па ќе ви донесе топлина и љубов. Сè што сега ви изгледа невозможно, од март ќе биде остварливо на емотивен план.

БИК – Припадниците на вашиот знак имаат можност да запознаат некој кој ќе им го промени животот. Можно е да стапнете на „лудиот камен“ во текот на 2022 година.

Слични содржини