Концерт во чест на Георги Божиков-Бас

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Во рамките на „Есенските музички свечености“, Македонската опера и балет денеска, 22 ноември, со почеток во 20 часот во Фоајето на МОБ, организира Kонцерт во чест на Георги Божиков-Бас (1931-1986).

rfevnj

Концертот е дел од Програмата на Собранието на Република Македонија за одбележување на значајни настани и личност, а поводот е 30 години од смртта на еден од најзначајните оперски уметници на Република Македонија, басот, Георги Божиков. Во рамките на ова одбележување, истата вечер, најпрвин ќе биде отворена изложба, од уметничкиот пат на Георги Божиков, ќе биде промовирана монографијата „Жоро“ од Снежана Анастасова Чадиковска, а почитувачите на животот и делото на Георги Божиков, на концерот во негова чест, ќе ја проследат следната програма: Тихомир Јакимовски-бас: Џ.Верди-арија на Атила од операта ,,Атила“ и Ш.Гуно-арија на Мефисто од операта ,,Фауст,“ Владимир Саздовски-бас: Џ.Верди-арија на Банко од операта ,,Магбет,“ и Џ.Росини- арија на Дон Базилио од операта ,,Севилски Бербер“ Борис Трајанов-бас-баритон: А. Бородин-арија на Галицки од операта ,,Кнез Игор“ и Т.Прокопиев-Смртта на Гоце-соло песна Игор Дурловски-бас: В.А.Моцарт-арија на Зарастро од операта ,,Волшебната Флејта“ и П.И.Чајковски-арија на Грјемин од операта ,,Евгениј Оњегин“ Пијано придружба – Елена Сиљаноска.

Влезот е слободен.

Слични содржини