51 насто сметаат дека СДСМ и партнерите имаат легитимитет да владеат, 59 насто за продолжување на мандатот на СЈО – анкета на НДИ

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Со цел информирање на политичките партии и граѓанското општество за јавното мислење, Националниот демократски институт (НДИ), со финансиска поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој, ја спроведе првата од серијата од три анкети изработени во март 2017 година.

logo

Согласно објавените резултати 51 насто од испитаниците сметаат дека СДСМ и партнерите имаат легитимитет да владеат, а 59 насто се за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

 Речиси две третини од испитаниците сметаат дека земјата се движи во погрешна насока, додека само 8% од граѓаните сметаат дека земјата се движи во вистинската насока.

Според испитаните граѓани  порастот на економијата, ставање крај на политичката криза, вработување, обединување на земјата и владеењето на правото треба да бидат првите пет приоритети на новата влада.

За повеќе информации од анкетата, како и методолигијата на истражувањето во целост прочитајте тука