53 членови на Централниот комитет на СИРИЗА ја напуштија партијата

од desk3
112 прегледи

greece-election-2015-what-would-syriza-victory-mean-europe

Педесет и тројца членови на Централниот комитет на СИРИЗА ја напуштија денеска партијата, јави ТАСС.

– Како членови на Централниот комитет ние не можеме да го прифатиме новиот меморандум (спогодбата со кредиторите), како што не ги прифативме и претходните, се вели во заедничката декларација на лицата, кои ја напуштија партијата.

Тие нагласија дека тој меморандум ќе биде конечен удар за економското слабеење на грчкото општество.

Поголемиот дел од нив планираат да се приклучат кон партијата „Народно единство“.

На 21 август 25 пратеици од СИРИЗА ја формираа независната парламентарна група „Народно единство“, предводена од Панајотис Лафазанис, поранешен министер за енергетика. /МИА