Истражувањето опфати 1600 Руси . Се одржа во периодот од 13-19 декември 2018 година.

56% од Русите веруваат дека заканата од војна е реална . Само 39 отсто сметаат дека нема да има војна.

88% од испитаниците се убедени дека руските вооружени сили ќе успеат да ги заштитат, ако има воена закана.

Социолошката агенција спроведува вакви истражувања од 2000 година. Од 2014 година, кога Русија го припои Крим од Украина, годишните резултати покажуваат дека се повеќе и повеќе Руси се плашат од војна . Врвот е  достигнат во јануари 2015 година, кога 68% велат дека постои реален ризик од конфликт.