74
Полицијата информира дека едно лице е уапсено за обид за силување на болно лице со кого се во блиски роднински врски. Немилиот настан вчера бил пријавен во полициска станица.
– На 09.02.2025 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Б.А.(57) од делчевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во заедничкиот дом во селото допирал по телото и се обидел да изврши обљуба, по што и физички нападнал негова 37-годишна роднина, лице со здравствени проблеми, а откако бил затекнат од соседот физички го нападнал и него.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.