6 научни причини зошто понеделник е најлош ден во неделата

од Elena Daskalova
534 прегледи

Веќе на сите ни е јасно – не го сакаме понеделник, мачно ни е извршувањето на задачите и ни создава анксиозност. Но, дури и за тоа има причини кои потекнуваат од праисториското време.

Како што наведува магазинот „Менталфлос“, науката издвоила дури шест причини зошто понеделник е најлошиот ден од неделата.

Навиката за спиење

Многу луѓе имаат проблеми со спиењето во текот на работната недела или пак, не спијат доволно. Поради тоа, се обидуваат да надоместат во текот на викендот. Но, враќањето на старата навика во понеделник наутро е вистински шок за организмот, дури и ако за викендот сте спиеле само еден час повеќе од вообичаено.

Социјализација

Уште една од чудните причини зошто во понеделник се чувствуваме лошо е и дружењето. Колегите од работа, колку и да не сакаме да го признаеме тоа пред себе, заземаат голем дел од нашите време и живот. Затоа и се чувствуваме чудно на почетокот на работната недела, бидејќи до некаде, ни недостигаат колегите и чувствуваме минимални еуфорија и анксиозност што повторно ќе ги видиме.

Нагла промена во расположение

Понеделниците се постресни и подепресивни спроедено со вторниците, средите и четвртоците. Петоците се еуфорични, поради претстојниот викенд. Но, наглата промена во расположението се случува во недела навечер, кон понеделник наутро, бидејќи од активности кои ги сакате, преминувате кон активности кои ги морате (и можеби сакате).

Се чувствувате лошо поради самите себе

Во текот на викендите можеби повеќе сте јаделе, сте испиле алкохол, сте пушеле цигари… Колку и да ви се чини чудно, вашето тело не се чувствува добро поради тоа и нормално е што во понеделник наутро се чувствувате како исфрлени од поплав.

Намалено здравје

Според науката и медицината, во понеделниците најчесто се случуваат срцеви удари и најмногу луѓе завршуваат во болница поради висок притисок. Уште не е најдена причината за овој статистички податок, но лекарите се обидуваат да најдат што е заедничко за пациентите во овие случаи.

Не ја сакате својата работа

Оваа е најочигледната од сите причини. Децата кои го мразат училиштето, студентите кои студираат струка која не ја сакаат и возрасни кои работат работа на која не се среќни, докажано најмногу ги мразат и понеделниците. Затоа и многу често вработените го земаат понеделник како слободен ден, а студентите решаваат да отсуствуваат од предавањата.

Слични содржини