Во денешно време, постојат многу совети за слабеење, а тоа често ги збунува луѓето, па не знаат по кој пат да одат. Едно од прашањата е дали е подобро да имате три или шест оброци дневно?
Некои тврдат дека ослабнале со воведување режим од шест оброци наместо три, додека други веруваат спротивно. За да бидат работите појасни, потребна е малку подлабока анализа.
Дали е подобро да имате три или шест оброци во текот на денот?
Нутриционистите често го промовираат концептот на шест оброци дневно и тврдат дека консумирањето помали оброци спречува забавување на метаболизмот, така што телото продолжува да согорува маснотии во текот на денот.
Сепак, истражувачите не се согласуваат целосно со тоа. Тие укажуваат на мешани резултати кога станува збор за зачестеноста на оброците и брзината на процесот на губење на тежината.
Дали шест оброци го забрзуваат метаболизмот?
Одговорот е не, јадењето помали оброци во текот на денот не го забрзува метаболизмот и не помага да согорите повеќе калории. Метаболичката стапка не е ништо друго освен бројот на калории што ги согоруваме во даден период.
Варењето на оброците навистина го зголемува метаболизмот, но во мал процент, но количината на калории што ги трошиме во процесот зависи од количината на храна што ја јадеме, а не од фреквенцијата на оброците.
Забрзувањето на метаболизмот зависи од термичкиот ефект, кој останува речиси ист во двата вида на планирање оброк.
Дали почестите оброци го намалуваат гладот?
Ова е уште еден мит кој вели дека режимот од шест оброци помага да се контролира гладот подобро од три оброци.
На овој начин, наводно, лицето јаде помалку нездрава храна и се држи до планираната диета. Сепак, истражувањето објавено во списанието „Obesity“ наведува дека шест оброци дневно не се корисен метод за контрола на желбата за храна и нивото на шеќер во крвта.
Двата режима на оброк имаат ист ефект врз намалувањето на желбата за храна и контролирање на нивото на шеќер во крвта.
Негативна страна на режимот од шест оброци дневно
Почестите оброци дневно може да бидат проблематични за оние кои имаат нарушувања во исхраната. Режимот за шест оброци бара од вас да ги поделите калориите што би ги внеле тој ден на шест еднакви делови и да ги консумирате тие во одредено време.
Оние кои имаат нарушувања во исхраната може да имаат проблем да се држат до одреден број калории што треба да ги внесат, поради што би можеле да внесат повеќе храна. Тоа би имало спротивен ефект, пишува Healthline.
Не постои разлика помеѓу режимите на оброк, а резултатите се скоро исти. Ако се одлучите за еден од нив, нека биде оној што најмногу ви одговара. Не е правило дека истиот метод одговара на сите, па затоа не треба да се споредувате со другите и нивниот напредок.