Добрата работа на овие техники е дека со нив, јајцата секогаш излегувааат убави. Сигурно повеќето од вас пробале барем една од нив и се увериле во тоа. Но, ајде сега да ги споделиме искуствата со почетниците – сè што треба за луѓе кои за прв пат пробуваат да бојадисаат јајца за Велигден.

2d438129ed05fbd1570d43b6271f5b28 (1)

Најважно е :
да купите свежи јајца
да се пожелно бели
да ги варите без да пукнат
да користите квалитетни и светли бои

Ако некаде работите попуштат во горните четири барања, какви и техники да  користите, резултатот нема да биде очекуваниот. Обично не може да најдете бели јајца кои нема да напукнат при варење. Белите јајца се со тенка кора .
Но, да претпоставиме дека сепак сте успеале да сварите свежи бели јајца, без да напукнат, следува веселиот дел – фарбањето.

Бојадисување со обична боја за јајца

Тоа е најлесната техника. Ги вариме јајцата. Во неколку чинии раствораме различни бои и потопуваме во секоја боја по едно јајце. Го оставаме некое време и кога ќе ја добиеме саканата нијанса го вадиме. Потоа го мачкаме за сјај со памучно крпче, натопено со масло.8d6bf6748b7c3cefa9f31e8423afdcf2

Бојадисување со кристална боја

Продаваат таква боја во различни бои. Тајната е во винската киселина, која се додава. Кристалите ставете ги уште при варење на јајцата. Се добиваат јајца кои изгледаат како зашеќерени. Добри се за подарок, но не и за кршење. Запомнете го тоа. Особено, ако одлучите да им давате убави јајца на децата. За да нема солзи, подобро на нив да им понудите обично црвено јајце, а вие земете со кристали. 238ca64b49e3c5f746810c20e7cf167e

Бојадисување со хулахопки

Оваа техника сигурно е од времето кога ги имаат воведено во употреба најлонските чорапи. Го земате јајцето, може и уште свежо – му ставате некој убав лист или цвет што ќе се отпечати. Потоа го ставате во чорапи и го затегнувате убаво и од двете страни. Може да го варите заедно со бојата. Ако бојата е црвена се добива бел лист на црвена позадина.

Бојадисување со чипка

Техниката е иста како погоре напишаното, но тука се потпира на убавината на чипката или на грациозноста на мрежестите хулахопки и затоа, барем според нас, нема потреба од дополнителни елементи. Но, ако сакате може и да се стави.

Бојадисување со пастели

Оваа техника е подобро да се користи врз жолти или како спас за бледо обоените јајца. Како што погоре споменавме понекогаш наидуваме на неквалитетни бои кои не оставаат никаква боја, дури и да ги ставаме во сосема малку вода. Спасението се восочни пастели – кои се цртаат идеално врз јајцата. Всушност и со други видови пастели би требало изгледа добро.96bd76b013cfd709985ab023cfe688a1

Бојадисување со памук

Оваа техника донекаде го спречува лошиот квалитет на боите, бидејќи кај неа тие се раствораат во сосема мала количина на вода. По што земате еден памук, колку да го обиколите јајцето и додавате на растојание неколку капки сина боја, неколку капки црвена, жолта … комбинирајте ги боите, како што ви се допаѓа и вртите. Го оставате јајцето убаво да се напои и по некое време го одвиткувате. Останува само да го измачкате со крпче и малку масло. Наместо памук може да користите и салфетка.

 

Слични содржини