Благодарност до сите на кои мојот избор за директор на Драмски театар им дојде како пријатно изненадување, бидејќи малку кој помислуваше на тоа решение.

Не знам колку вреди тоа да се каже, но времето е такво што неблагодарно е да се премолчи.
Кога првпат ме поканија на разговор некои луѓе од министерството и кога на мое изненадување ми ја соопштија понудата, прво што реков беше: Немам против, ама да знаете, немам партиска книшка.
Едниот од нив ме погледна и кратко ми одговори: Баш ми е гајле!
Толку.
Сашо Тасевски – Фејсбук статус