62- годишна жена од Германија загина во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија

од Vladimir Zorba
391 прегледи

Шеесет и двегодишна жена од Сојузна Република Германија е загинатата личност во тешката сообраќајка што денеска се случи на автопатот Неготино – Демир Капија, информираа од СВР Велес.

– Денеска во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, појаснија оттаму.

Слични содржини